Исклучувањето треба да се избегнува и владата треба да продолжи со својата нормална работа. Ова беше побарано од американскиот претседател Доналд Трамп, во видео изјава која е објавена во неговиот профил на Твитер.
” Се надеваме дека запирањето на работата нема да трае долго “, рече тој.
Во неколку последователни извештаи, Трамп пишува за ѕидот кој “ мора да ја заштити нашата јужна граница” и ги повикува Демократите да дозволат владата да го стори тоа.
Запирање на работа поради недостаток на финансирање, меѓутоа, изгледа се поверојатно, бидејќи Сенатот не постигна согласност и не собра доволно гласови “за”, за да се избегне ова сценарио.
Веројатно шатдаунот нема биде избегнат, но преговорите продолжуваат и сенаторите предупредуваат дека претседателот Доналд Трамп ќе има потреба од поголема поддршка.
Републиканците и демократите во Сенатот претходно постигнаа компромис за финансирањето на администрацијата. Ова се случи по состанокот на високи политичари од двете партии во Капитол.
Договорот обезбедува финансирање за сојузната влада до 8 февруари 2019 година.
Документот мораше да се гласа во Сенатот. Потоа договорот треба да биде одобрен од Претставничкиот дом, за да се избегне делумно прекинување на работата на администрацијата
Кризата е позната како затворање на администрацијата и беше 21 од ваков вид од 1981 година наваму . Ова исклучување беше прво од октомври 2013 година. Кризата траеше 16 дена, зафати 850.000 вработени, а 6,6 милиони работни дена беа изгубени, но подоцна беа платени ретроспективно.
Демократите користат контроверзностите околу буџетот, за да ги убедат јавното мислење дека републиканците не се способни да управуваат. Од своја страна владејачката Републиканска партија и претседателот Доналд Трамп покажуваат дека нема да преговараат, пред да се најде трајно решение за финансирање на изградбата на оградата долж границата со Мексико.
