Трамп се обрати на нацијата: Изборите беа украдени, но одете си дома (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги повика демонстрантите кои вечерва упаднаа во Капитол Хил во Вашингтон и се судрија со полицијата да се повлечат и да си заминат дома мирно.

– Знам дека имавме избори кои беа украдени, и сите го знаат тоа,посебно другата страна, но морате да си одите дома сега, мора да имаме мир. Мора да имаме закон и мир, мора да ги почитуваме луѓето кои го спороведуваат. Не сакаме никој да биде повреден, вели Трамп во обраќањето.