Трамп се закани со санкции кон Анкара

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно најави санкции против Анкара ако турските сили отворат оган врз курдските борци кои се повлекуваат од северна Сирија каде треба да се воспостави безбедносна зона.

– Турција целосно разбира дека не смее да пука врз Курдите додека се повлекуваат од областа која ќе стане безбедна зона  на околните области. Не мора да повторувам дека за кршење на договорот ќе бидат воведени санкции од големи размери, напиша Трамп на Твитер.

Тој наведе дека се се одвива добро, дека Курдите обезбедиле борци на Исламска држава и оти Турција е подготвена да обезбеди поддршка, како и дека се обезбедени нафтените полиња.

Тој додаде дека американските трупи од Сирија заминуваат во други области и потоа се враќаат дома.

– Требаше да бидеме таму 30 дена, а тоа беше пред 10 години. Кога овие будали од експерти кои 20 години погрешно го нарекуваа Блискиот Исток, ќе прашаат што ние добиваме од договорот, јас едноставно велам – нафта и тоа што нашите војници си доаѓаат дома , а Исламската држава е обезбедена, напиша Трамп.

НАТО претходно одлучи да продолжи да обезбедува воена поддршка за својот сојузник Турција, и покрај незадоволството од нејзиното дејствување во Сирија и договорот за границата со Русија, изјавија петмина високи дипломати.

Шпанија се закани дека ќе ги повлече своите ракети „Патриот“ од Турција во знак на протест против прекуграничната офанзива на Турција, за која сојузниците во НАТО велат дека ја загрозува борбата против екстремистите од Исламска држава.

На вчерашниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, првата средба на Алијансата на високо ниво откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја почна операцијата во Сирија на 9 октомври, шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес рече дека Мадрид нема да се повлече.

Шпанија ќе и понуди на Анкара шестмесечно продолжување доколку побара.

Промената беше дел од промената на тонот, што покажува дека и покрај алармот за однесувањето на Турција во Сирија, НАТО е решена да ја „задржи“ Турција, рекоа дипломатите.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар рече дека неговата земја има право да воспостави договори и со Русија и со САД, а само мала група на земји, предводена од Франција, остро ги критикуваше.

– Се вложуваат заеднички напори да не се влошат работите, рече еден дипломат од НАТО.

– Турција е премногу важна за да ја изгубиме, додаде тој.

Слични содржини