Трамп: Северна Кореја веќе не е нуклеарна закана

од desk2

Северна Кореја веќе не претставува нуклеарна закана нагласи денеска американскиот претседател Доналд Трамп по враќањето во Вашингтон од Сингапур каде имаше средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
На Твитер Трамп нагласи дека неговиот состанок со Ким бил интересно и многу позитивно искуство.


– Сега сите може да се чувствуваат многу побезбедно отколку оној ден кога ја презедов функцијата. Нема веќе нуклеарна закана од Северна Кореја. Состанокот со Ким Џонг Ун беше интересно и многу позитивно искуство. Северна Кореја има силен потенцијал за иднината, наведе Трамп.

Тој додаде дека пред да стапи на должност луѓето претпоставувале дека САД ќе влезат во војна со Северна Кореја.

– Претседателот Обама рече дека Северна Кореја е наш најголем и најопасен проблем. Веќе не е – спијте убаво вечерва, напиша Трамп на Твитер.

Слични содржини