Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сите земји што сакаа да бидат дел од БРИКС се откажале од тие амбиции поради американските царини.
„Им кажав на сите што сакаа да бидат во БРИКС дека тоа е во ред, но ние ќе воведеме царини на нивните земји. Сите се повлекоа. Сите се откажаа од БРИКС. БРИКС е напад врз доларот и реков „ако сакате да ја играте таа игра, ќе воведам царини на сите ваши производи што влегуваат во САД“. Тие рекоа, како што реков, „го напуштаме БРИКС“… Тие дури и не зборуваат за тоа повеќе…“, рече Трамп на прес-конференција во вторник, како што објави денес азиската новинска агенција АНИ, повикувајќи се на снимка од Белата куќа.
Трамп нагласи дека политиката на САД со заканата од царини била одлучувачки фактор во откажувањето на земјите од нивното планирано членство во економскиот сојуз БРИКС.