САД  ги променија санкциите против Русија, за да не се спречува продажбата на некои технологии, пренесе Ројтерс. Решението на Министерството за финансии ќе им овозможи на американските компании да вршат ограничени трансакции со руската Федерална служба за безбедност.

Промените се однесуваат на санкции наметнати од Барак Обама во април 2015 година поради руски сајбер напади.

Белата куќа побрзаа да негира дека промените значат олеснување на санкциите против Русија. “Не сум ублажувал ништо”, изјави лаконски самиот Трамп.

Целта на промените е да не биде спречена трговијата со технолошки производи, чиј извоз во Русија е дозволено. Новиот постојан претставник на САД во ОН ги осуди “агресивните дејствија” на Русија во Украина.

На седница на Советот за безбедност Ники Хејли предупреди дека рестрикциите против Русија поради Крим ќе останат во сила се додека таа не го врати полуостровот на Украина. Хејли изрази жалење што треба даја  осуди Русија при првото појавување во Советот за безбедност, но истакна дека “катастрофални  ситуации во источна Украина наметнуваат јасна и силна осуда на руските дејства”.

Новиот американски министер за одбрана, пак,ја  предупреди Северна Кореја да не користи нуклеарно оружје. Во спротивно САД ќе дадат ефективен и поразувачки одговор, истакна Џејмс Матис во крајот на посетата на Јужна Кореја. Тој го увери Сеул во цврста поддршка на Вашингтон.

“Секоја напад против САД или нашите сојузници ќе биде преточен “, рече шефот на Пентагон. Неговата изјава дојде на позадината на загриженоста дека Северна Кореја може да подготвува искуство со нова балистичка ракета како ран предизвик  за владата на новиот претседател на САД Доналд Трамп.