Трамп: Сорос и неговиот син, РАДИКАЛЕН ЛЕВИЧАР, треба да бидат обвинети за корупција

од desk2
13 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска порача дека милијардерот Џорџ Сорос, кој е и главен донатор на Демократската партија, и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот организациите под влијание на рекетирање и корупција (RICO), без да изнесе докази за тоа.

Законодавците во 1970 година го донесоа овој сојузен закон со цел борба против организираниот криминал, посебно против мафијата. Трамп, пак, одамна 95-годишниот Џорџ Сорос го нарекува не само негативец, туку и злобен лик.

„Џорџ Сорос и неговиот прекрасен син, РАДИКАЛЕН ЛЕВИЧАР, треба да бидат обвинети според законот RICO (рекетирање, корупција и организиран криминал) поради поддршка на насилните протести и многу други работи низ САД. Тоа ги вклучува и неговите полудени пријатели на Западниот Брег. Биди внимателен, те набљудуваме“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“.

Портпаролот на „Отворено општество“, фондација формирана од Сорос, ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „одвратни и лажни“.

„Фондацијата Отворено општество не поддржува ниту финансира насилни протести. Нашата мисија е унапредување на човековите права, правдата и демократските принципи во земјата и во светот“, рече портпаролот, истакнувајќи дека фондацијата на Сорос е еден од најголемите финансисери на невладини организации, меѓу кои и „Амнести интернешенел“ и „Хјуман рајтс воч“ и дека се залага за транспарентност на владите, за јавно здравство и образование.

Џорџ Сорос фондацијата и остатокот од својата деловна империја вредна 25 милијарди долари ја предаде на управување на својот син Александар во 2023 година. Александар е едно од петте деца на Џорџ Сорос.

Инаку, Трамп денеска нападна и некои од неговите поранешни сојузници, вклучувајќи го поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, и поранешниот гувернер на државата Њу Џерси, Крис Кристи.

Слични содржини