Трамп треба да плати 83,3 милиони долари отштета на Џин Керол за клевета

од Vladimir Zorba
890 прегледи

Поротата во федералниот суд во Њујорк му нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да плати отштета од 83,3 милиони долари на Елизабет Џин Керол, која го обвини дека ја уништил нејзината репутација на доверлива новинарка со негирање дека ја силувал пред речиси три децении.

„Ова е апсолутно смешно. Не се согласувам и ќе поднесам жалба за целиот овој лов на вештерки во режија на Бајден, фокусиран на мене и на Републиканската партија. Нашиот правен систем е надвор од контрола и се користи како политичко оружје. Ова не е Америка“, рече Трамп.

Керол (80) за време на судењето сведочеше дека Трамп (77) ја силувал во стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ на Менхетен кон крајот на 1995 година, а потоа ја нарушил нејзината репутација со тоа што во октомври 2022 година напишал дека нејзините тврдења се целосна измама и лага.

Тогаш Трамп тврдеше дека Керол, поранешна колумнистка на магазинот „Ел“ и регистриран член на Демократската партија, ги фабрикувала наводите за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари од 2019 година и политички да му наштети.

Слични содржини