Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро по преземањето на функцијата.
Запрашан за неговата стратегија за ставање крај на војната во Украина, Трамп изјави за Newsmax: „Постои само една стратегија и таа зависи од Путин. Не можам да замислам дека е премногу воодушевен од начинот на кој сето тоа помина бидејќи и нему не му одеше толку добро“.
Тој додаде дека знае дека Путин сака да се сретне со него, а таа средба ќе се случи многу наскоро.
„Ќе го направев тоа порано, но прво морам да влезам во канцеларијата. Мора да бидете таму за некои работи“, рече Трамп.
Американскиот конгресмен Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата рече дека очекува разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели.