Трамп тврди дека САД во голема мерка ја надминале пандемијата

од Vladimir Zorba

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави денеска дека неговата земја „во голема мерка“ ја надминала пандемијата „ковид-19“, вирус од кој во САД секој ден умираат околу 1.000 луѓе.

Коментирајќи го изненадувачкиот пад на стапката на невработеност во мај во однос на април, Претседателот на Соединетите држави ја пофали „силата“ на американската економија.

„Таа сила ни овозможува да ја надминеме оваа ужасна пандемија и ние во голема мерка ја надминавме“, рече тој на прес-конференцијата во Белата куќа.

Трамп рече дека сите одлуки што требало да се донесат биле донесени, иако неговото управување со пандемиската криза честопати било критикувано.

Тој рече дека Соединетите држави направиле „голем чекор“ кон „закрепнување“ и дека наредните месеци ќе покажат дека економијата, која била здрава пред епидемијата и мерките за изолација, повторно почнала да расте.

Трамп повторно ги повика гувернерите на американските држави во кои мерките за изолација и другите ограничувања сè уште се во сила со цел да се потисне епидемијата, да ги укинат.

„Едноставно сакаме да се стави крај на мерките за ограничување во тие држави“, рече Трамп, уверувајќи дека ситуацијата е добра таму каде што се укинати ограничувањата.

Слични содржини