Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи дека планира да им се предаде на властите во Атланта во четврток во врска со обвинението покренато против него во државата Џорџија за наводен обид да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година.
„Во четврток одам во Атланта, Џорџија за да ме уапсат“, навел Трамп, кој се кандидира за претседател во 2024 година, пренесува „Ројтерс“.
Трамп го опиша обвинението како политички мотивиран обид да ја попречи неговата кампања за реизбор во Белата куќа.