Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши кратката посета на Катар со говор пред американските воени трупи, по што отпатува за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Таму, лидерите на Емиратите се надеваат дека САД ќе им помогнат да станат светски водечки во развојот на вештачката интелигенција.
За време на својот говор во ОАЕ, Трамп направи осврт на Франција и Втората светска војна, споменувајќи ги неодамнешните воени паради по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија.
„Сите славеа, освен ние – ние сме тие што ја добија војната. Тие ни помогнаа, но не можеле да победат без нас. Без нас, сите би зборувале германски, а можеби и малку јапонски“, рече Трамп.
Тој додаде и дека иако ја почитува Франција, смета дека САД имаат поголема заслуга за победата во Втората светска војна.
„Ми се допаѓа Франција, но мислам дека ние направивме малку повеќе за да ја добиеме таа војна“, додаде Трамп, пренесува Скај њуз.