Трамп во текот на летот кон Алјаска: Можни територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина

од desk2
41 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во изјава за новинарите во претседателскиот авион на пат за Алјаска, најави дека очекува „нешто да произлезе“ од разговорите.

Трамп рече дека Путин смета оти нападите врз Украина му даваат преговарачка предност, но, според него, тоа му штети. На средбата ќе се разгледуваат и можни територијални отстапки, за кои, како што нагласи, одлуката треба да ја донесе Украина.

Тој додаде дека се можни и безбедносни гаранции за Украина, но не во форма на членство во НАТО, туку преку договор со Европа и други земји.

Во однос на економската соработка, Трамп рече дека Русија е заинтересирана за дел од американската економија, но „нема да има деловна активност додека трае војната“.

Трамп ја повтори неколку пати кажаната заканаза „сериозни економски последици“ доколку Путин не покаже интерес за мир.

Слични содржини