Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од четиригодишниот син на Илон Маск, X Æ A-Xii, и Доналд Трамп, што предизвика лавина од коментари. Додека Маск гордо споделуваше слика што ја нарече „среќа“, многумина ја видоа во сосема поинакво светло, пишува 24ur.
„Трамп конечно ја доби својата прва вистинска работа – стана дадилка на малиот Икс“, напиша еден корисник на социјалната мрежа на Маск.
Други отидоа чекор понатаму, коментирајќи дека вистинската политичка моќ можеби лежи токму во рацете на технолошкиот магнат.
„Кој е навистина претседателот? Трамп или малиот Икс? праша еден коментатор, додека друг заклучи: „Трамп е само дел од безбедносниот тим на вистинскиот лидер на Америка“.
That’s a happy picture 🥰 https://t.co/wJ6CuR1umL
— Elon Musk (@elonmusk) March 15, 2025
Многумина забележаа интересна динамика на моќ на фотографиите – додека Маск самоуверено чекори и комуницира со толпата, Трамп стои во позадина со детето.
Но, не сите се обиделе да најдат подлабока симболика во сцената. „Оваа фотографија едноставно го прикажува Трамп како дедо – и таа е прекрасна“, заклучил еден корисник.