Трамп возвраќа – најави зголемување на царините на 15%

Претседателот на САД ги зголемува новите царини за земјите низ светот од 10 на 15%

од Nikola Popovski
79 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/WSJ News

Доналд Трамп објави дека ќе ја зголеми глобалната царинска стапка за стоки увезени во САД од 10% на 15%, иако првичната стапка од 10% ја објави во текот на вчерашниот ден.

Претседателот на САД, исто така, ги засили критиките кон Врховниот суд откако тој суд пресуди дека неговите претходно воведени царини се незаконски.

Во објава на „Truth Social“, Трамп напиша:

„Врз основа на темелен, детален и целосен преглед на смешната, лошо напишана и крајно антиамериканска царинска одлука донесена од Врховниот суд на Соединетите Американски Држави вчера, по МНОГУ месеци размислување, нека оваа изјава послужи како потврда дека јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, веднаш ќе ја зголемам светската царина од 10% за земјите – од кои многу „неказнето“ ги искористуваа САД со децении (сè додека не се појавив!) – на целосно дозволено и законски проверено ниво од 15%“.

Пресудата на Врховниот суд го покрена прашањето за легалноста на одредени трговски мерки воведени за време на мандатот на Трамп. Со зголемувањето на царините, Белата куќа сега се обидува да ја редефинира рамката за трговска политика по интервенцијата на судот.

Се очекува одлуката да предизвика реакции од трговските партнери на Соединетите Американски Држави, како и можни правни и политички последици во земјата.