Претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговор за Би-Би-Си порача дека е разочаран од претсседателот на Русија, Владимир Путин, но и дека не „завршил“ со него.
Прашан дали му верува на рускиот претседател, Трамп вели: „Никому не верувам“.
Разговорот уследи неколку часа откако претседателот на САД најави испорака на оружје на Украина и се закани со многу високи царини на Русија ако не постигне договор за прекин на огнот во рок од 50 дена.
Трамп исто така изрази поддршка на НАТО, иако досега го нарекуваше застарен, и ја потврди својата посветеност на начелото на заедничка одбрана на Северноатлантскиот сојуз. Трамп претходно имаше средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Сепак, во телефонското интервју, Трамп најмногу се посвети на изразување разочараност од Путин. Рече дека во четири наврати верувал дека договор со Русија ќе се постигне наскоро. На прашањето на Би-Би-Си дали целосно се откажал од Путин, Трамп рече:
„Разочаран сум од него, но не сум завршил со него. Но разочаран сум“.
Прашан како мисли да го натера Путин да „го запре крвопролевањето“, Трамп одговори: „Работиме на тоа“.
Објасни и како течеле некои разговори со рускиот претседател.
„Имаме прекрасен разговор. Јас велам: Добро, мислам дека сме близу до договор!, а потоа тој ќе урне зграда во Киев!