Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше „наместеното“ обвинение во кое се обвинува за обид за манипулација на претседателските избори во 2020 година во државата Џорџија.
„Ми изгледа наместено, рекол Трамп, кој води кампања за републиканските прелиминарни избори за враќање на Белата куќа во 2024 година, во порака објавена на неговата социјална мрежа „Truthsocial“.
Зошто не поднесоа обвиненија пред 2,5 години? Затоа што сакаа да го направат тоа среде мојата политичка кампања. Лов на вештерки, додал тој.
Големата порота во американската држава Џорџија го обвини Трамп дека се обидел да ја поништи неговата загуба од демократот Џозеф Бајден на изборите во 2020 година.
Против Доналд Трамп е покренато четврто обвинение
Тоа е четврто кривично обвинение против 45-от американски претседател и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година.
Обвиненијата, поднесени од окружната обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис, се најнови во низата правни проблеми за Трамп.
Обвинителите поднесоа 11 обвиненија против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање, кои се користат против членови на организирани криминални групи.