Трамп за пандемијата: Коронавирусот ќе исчезне, на крајот на краиштата јас ќе бидам во право

од Aleksandar Petrovski
224 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вирусот корона на крајот ќе „исчезне“ и додаде дека се спротивставува на воведувањето на мерката за носење маска на национално ниво.

„На крајот на краиштата, ќе бидам во право. Јас порано реков дека (коронавирусот) ќе исчезне и сега ќе го кажам повторно. Тој ќе исчезне и ќе бидам во право”, рече Трамп во интервјуто што го објави денес Фокс њуз.
Повеќе од 60 000 луѓе се заразени со коронавирусот во последните 24 часа во САД, додека вкупно 3,7 милиони луѓе се заразени од почетокот на епидемијата.

Трамп оцени дека во многу случаи млади се заразени „кои ќе се опорават за еден ден“.

Американскиот претседател рече дека е против воведувањето на задолжителното носење маска на национално ниво, иако некои сојузни држави ја воведоа таа мерка.

„Не, сакам луѓето да имаат одредена слобода. Не се согласувам дека вирусот ќе исчезне ако сите носат маски“, рече Трамп, кој беше виден само еднаш во јавноста со маска на лицето.