Трамп за принцот Хари: „Не би го заштитил, тој ја изневери кралицата“

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Доналд Трамп изјави дека кралското семејство било „премногу милостливо“ кон принцот Хари и дека тој нема да го штити „како што тоа го направи Џо Бајден“.

Неговите коментари дојдоа 24 часа откако принцот Хари се појави на суд поради сомневање дека лажел на своите документи за имиграција во САД за употребата на дрога, што тој го призна во своите мемоари „Резерва“.

Правниот спор го покренаа Heritage Foundation и DC а принцот го оспори со поддршка на Одделот за национална безбедност на Бајден.

Трамп беше бесен на Џо Бајден затоа што го „заштити Хари“ со тоа што ги чуваше во тајност неговите документи за имиграција.

„Не би го заштитил, тој ја изневери кралицата, тоа е непростливо. Би бил сам, да зависеше од мене. Мислам дека се премногу милосрдни по се што направи“, навел Трамп.

Слични содржини