Американскиот претседател, Доналд Трамп продолжува да се заложува за теоријата дека коронавирусот потекнува од лабораторијата, иако за тоа нема докази.
Запрашан да ја коментира теоријата дека коронавирусот потекнува од лабораторијата на Институтот за вирологија во Вухан, претседателот Доналд Трамп им кажал на новинарите собрани во Овалната канцеларија дека „се случило нешто“.
„Веројатно тоа се должеше на некомпетентност. Некој беше глупав“, рече Трамп за време на средбата со гувернерот на Тексас.
Прашањето се постави откако државниот секретар Мајк Помпео изјави дека има „многу докази“ дека вирусот потекнува од лабораторија.
Во јавноста нема докази за овие наводи, а Кина ги негираше овие обвинувања.