Трамп заминува од Вашингтон во пресрет на инаугурацијата на Бајден

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Претседателот Доналд Трамп ќе го напушти Вашингтон следната среда наутро, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Ова за АП го тврди извор запознаен со планирањето на инаугурацијата, кој зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи оваа одлука сè уште не е објавена во јавноста.

Трамп веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, нарушувајќи ја така традицијата, по неколкумесечни изнесени неосновани обвинувања за измама на гласачите во обид да ја делегитимира победата на Бајден на изборите во САД.

Наместо него ќе присуствува потпретседателот Мајк Пенс, потврди изворот.

Се очекува Трамп да замине на Флорида.

Слични содржини