92
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски сакаат да склучат договор за решавање на конфликтот со Русија и повика на итен прекин на огнот и почеток на мировни преговори.
„Зеленски и Украина би сакале да се договорат и да го запрат лудилото. Тие смешно изгубија 400.000 војници и многу повеќе цивили. Треба да има итен прекин на огнот и да почнат преговорите“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Наведе дека непотребно се трошат премногу животи, се уништуваат премногу семејства, а ако вака продолжи, додаде, „може да се претвори во нешто многу поголемо и многу полошо“.