Трансферот на Садио Мане од Ливерпул во Баерн (Минхен) е 90% договорен. Така барем тврди авторитетниот германски новинар на „Билд“ Кристијан Фалк. Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Баварците и останува само двата клуба да се договорат за неговата цена.
Ливерпул ја одби првата понуда од Баерн за 30-годишниот Сенегалец, која беше вредна околу 30 милиони евра. Сепак, ова никако не ги завршува преговорите и во наредните денови германскиот шампион ќе даде нова понуда. Наводно од „Енфилд“ бараат околу 40 милиони евра за сенегалскиот фудбалер.
Се чини дека на „Алијанц Арената“ се подготвени да ги задоволи барањата на тимот од Мерсисајд за да ги осигураат услугите на овој играч.
Самиот Мане ќе го носи дресот на германскиот шампион во следните четири или пет сезони.