Според Транспаренси Интернешнл индексот за корупција на С. Македонија е рангирана на 87 место за разлика од минатата година во која беше на 111.

Во Извештајот на Транспаренси се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.

„Државата презеде чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции.“ стои во Извештајот.

Позитивно е оценето усвојувањето на агенда и акционен план против корупцијата, развиен во консултација со граѓанското општество – кој вклучуваше експлицитни мерки за борба против организираниот криминал, реформи во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот влијанието во практиките за вработување на јавни места.

Слични содржини