Трансродно лице роди бебе – Таа односно Тој не го дефинира полот на бебето

од desk4

Трансродно лице од САД стана првиот човек со различна родов идентитет, кој родил бебе. Тој бил роден како жена Кејси Саливен од државата Висконсин, која пред пет години родила бебе, а во тоа време тој се уште не го сменил полот.

Четири години потоа тој започнува да прима машки хормони и ги отстранил градите. Но, поради раѓањето на второто дете кој го добил од својот партнер Стивен, на Кејси и се наметнува барањето некое време да се откаже од хормонска терапија, соопшти The Mirror.

Кога се родило детето – Феникс, со тежина од 3,8 килограми, Саливан морал да го дои бебето со донаторско млеко. Двојката одбива да го каже полот на детето, бидејќи сметаат дека тоа треба да расте во средина со полова неутралност и кога тоа ќе порасне самото ќе се утврди од кој пол е.

“Не ми се допаѓа кога ми прашуваат каков е полот на бебето. Тоа ќе расте и ќе одлучи. А прашањето какви се неговите гениталии, ми се чини ужасни”, истакнал родителот.

Саливан изјави дека не ја смета бременоста за женска особина и не верува во улогата на полот. Тој се родил како жена и на 19 години за прв пат се омажил, но почнал да страда од депресија и станал алкохоличар.

Кога за прв пат родил се надевал дека ова ќе го натера да се почувствува повеќе жена, но тоа не се случило, иако тој го посакувал детето. Три месеци по породувањето Кејси објавил дека е трансродно лице и го напуштил својот маж.

Слични содржини