Порталот „Travel off Path“ ги препорачува Скопје и Охрид како задолжителни дестинации за луѓето кои имаат можност да шетаат и работаат од каде што ќе посакаат. Според порталот, целиот регион на Западен Балкан треба да биде точка за посета за дигиталните номади, во периодот кога мора да поминат време надвор од Шенген зоната.
Како главните привлечни точки на земјите од Западен Балкан, освен можноста да се биде надвор од Шенген, порталот го истакнува и понискиот стандард од земјите од ЕУ. Според нив, Северна Македонија е економски најпривлечна дестинација, со пресметка од 1307 долари месечно за покривање на сите трошоци, вклучително и сместување и храна.
„Travel off Path“ ја опишуваат Албанија како „Грција со помал буџет“ каде што Американците може да поминат и цела година без дополнителна виза. Босна и Херцеговина е земјата со најдборо гостопримство, според порталот, додека Црна Гора, иако е една од поскапите во регионот, се опишува како одлично место за дигиталните номади.
Србија, според „Travel off Path“, е најскапа земја за дигиталните номади на Западниот Балкан, но препорачуваат задолжително да се посетат Белград, Нови Сад и Ниш. Пофалби има и за градовите, како од разгледница, во Косово.