Жител на Ниш (72) за малку ќе станел жртва на измамник кој со денови им телефонирал граѓаните со различни приказни, со намера да им изнуди пари. Пред една недела му се јавил човек кој му се претставил како припадник на македонската полиција и му побарал пари за да ја спаси ќерката за да не биде уапсена за сообраќајна несреќа која наводно ја предизвикала во нашат земја.
Неговата ќерка Бранка Д. вели дека за среќа татко и веднаш се посомневал и ѝ се јавил на телефон да ја праша каде е.
„Татко ми ми кажа дека го повикал човек кој се претставил како полициски инспектор од Македонија и дека навистина зборувал како Македонец. Тој му кажал дека неговата ќерка прегазила дете на пешачки премин во Македонија и дека поради тоа е приведена. Татко ми го прашал: Каде е ќерка ми, на што тој одговорил: Таа е тука со мене во полиција, треба да испратиш пари за да ѝ помогнеш. Потоа, како што ми кажа татко ми, слушнал женски глас како вели: Колку пари имаш да испратиш? Татко ми кога го слушнал тој глас, сфатил дека не сум јас, па им одговорил така да разберат дека ги открил: Имам 100.000 евра и ја спуштил слушалката. Веднаш ми се јави, разбрав дека се работи за обид за измама, па се обративме во полиција“, изјави жителката на Ниш.
Полициската сектор Ниш во оваа прилика соопштил дека во текот на претходните денови има добиено повеќе поплаки од граѓани дека на телефон им се јавува непознато лице и за поголема сума пари им нуди медицинска помош за потребите на нивните деца.
„Апелираме до граѓаните, а особено до постарите лица доколку добијат ваков повик веднаш да пријават во полиција и да не прифаќаат никакви понуди од лица кои на ваков начин контактираат со нив“, велат од Српската полиција.
Како што објавија српските медиуми, во два случаи измамникот успеал да земе пари од лицата на кои им се јавил, но засега нема информации за колкави суми станува збор.
Нишката полиција во соработка со Основното јавно обвинителство Ниш интензивно работи на откривање и пронаоѓање на осомничениот.