Аналитичарот Алберт Муслиу во емисијата 24 анализа рече дека целиот овој процес го финансираат граѓаните и треба како општество да се дојде до одлука.
-Ако ние како општество бараме да се интервенира во земјоделството, тогаш треба како држава треба да помогнеме. Не го полнат Буџетот од Владата сами, туку се полни од реалниот сектор. Реално дека 18.000 денари плата е тешко да се преживее, уметност е тоа, но таа уметност ја поминуваме 30 години во регионот, вели политичкиот аналитичар.
Тој вели дека одлуката треба да се донесе како општество.
-Треба да се кренат платите, но треба да одлучиме како општество. Малку се избрза кај градинките зошто тоа влијае врз работниот процес и треба да се преговара. Ако треба да се финансира во образованието, ќе исклучиме малку пари од земјоделство, социјала, економијата и ќе ги ставиме во образованието или ќе се задолжиме. Ние гледаме политика и овие денови сите ја политизираат ситуацијата. Најголемиот проблем беше во основните и средните училишта. Јас би преговара за подигање на платите со одржување на структурите на образованиот систем, рече Мислиу.