Треба да се вратиме до 2016, за да видиме каде ги изгубивме вредностите, вели Ременски

од Nikola Popovski
349 прегледи

Кандидатката за лидер на СДСМ, Фросина Ременски со фудбалски жаргон објаснува дали некој од кандидатите за претседател на партијата има предност пред изборите во недела.

-Кога од почеток ќе лицитирате со победникот, тогаш ќе се посомневате во некако наместен натпревар. Но кога ќе тргнете во битка имате опции за типување. Јас ја преферирам втората варијанта, а тоа е дека нашите гласачи имаат можност до недела да го изберат победникот, вели Ременски во емисијата „Само вистина“.

Ременски е убедена дека членството ќе биде оставено слободно да гласа.

-Верувам дека во недела ќе се случи изненадување. Потребно е СДСМ да го вратиме на победнички патеки. Ако тргнете по патот и нешто сте изгубиле, морате да се вратите по истата патека, за да видите каде сте го изгубиле тоа. Треба да се вратиме до 2016, за да видиме каде ги изгубивме вредностите и каде згрешивме, потенцира Ременски.

Слични содржини