Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба денеска изјави дека треба да се забрза правната процедура за трансфер на замрзнати руски средства во Украина.
По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев, Кулеба рече дека треба да се разјаснат судските аспекти, така што трансферот на руските средства е од корист и за ЕУ и за Украина, пренесе Ројтерс.
Овие средства, рече тој, можат да помогнат во финансирањето на обновата на Украина по руската инвазија.