Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со, како што вели, ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ,ЗНАМ и ВЛЕН.
„На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар и еден од досегашните организациските секретари“, рече синоќа Филипче.
Ова значи дека генерален секретар на партијата останува Александар Димитријевиќ, како и организациски секретар Љупчо Фармаковски.
Претседателот на СДСМ истакна и дека го формирале Советот на партијата кој ќе има улога да привлекува, како што вели, слободоумни луѓе коишто ги делат нашите вредносни политики, поради тоа што нашиот фронт којшто го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте, затоа што ние се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните.
Членови на Извршниот одбор:
Јон Фрчкоски
Рената Младеновска
Андреј Жерновски
Дејан Николовски
Агрон Демири
Филип Андов
Симона Цветановски
Петар Огненовиќ
Александар Наумовски
Дејан Трајчев
Бислимовски Андреј
Наташа Поповиќ
Драган Крајовски
Советот на партијатата ќе го води:
Ана Чупеска
Претседатевач со ЦО:
Герасим Лазов