Тренчевска: Задоволните детски лица се доказ на успешната работа на центарот за сензорна терапија „Во мојот свет”

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше во посета на Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет” во Скопје со кој што раководи Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „ВО МОЈОТ СВЕТ”. Центарот повеќе од 6 години работи на стимулација на раниот детски развој. Моментално опслужува над 60 деца, овозможувајќи детекција, развојно следење и третман на овие дечиња.

Тренчевска за време на посетата на центарот одржа и непосредна средба со претседателот на здружението, Златко Стојановски и извршната директорка, Весна Стојановска. Тие ја информираа министерката за третманите кои се изведуваат во центарот и за кадарот кој што работи со децата. Претседателот рече дека третманите се изведуваат еден на еден и дека за извршување на активностите се задолжени: логопеди, педијатри и дефектолози.

Министерката својата средба ја заврши со интеракција со децата кои го посетуваат центарот како и вработените во истиот.

Слични содржини