Трендафилов: Бугарите се стигматизирани и дискриминирани во Македонија

од Nikola Popovski
401 прегледи

ГДУ е формирана како идеолошка партија. Од основачкото Собрание, во јавноста сме биле прикажани како бугарска или пробугарска партија, вели Ѓорѓи Трендафилов од партијата ГДУ, за емисијата „360“.

Тој информира дека ретко, членови на неговата партија се покануваат во емисии, но секогаш кога биле повикани се соочувале историчари-аматери, со кои објаснувале за историски прашања.

-Потребното мнозинство сега во парламентот за отворање на македонскиот Устав и вметнување на Бугарите во Уставот, би бил најбрз чекор, кој ќе покаже дека атмосферата на стигматизација и архетип на непријатели, меѓу Бугарија и Македонија, завршува со вметнувањето дека еден од конститутивните народи на Македонија се и македонските Бугари, посочува Трендафилов.

Тој потенцира дека Бугарите се стигматизирани и дискриминирани во Македонија.

Ѓорѓи Трендафилов е поранешен пратеник, портпарол на Владата и портпарол на Министерството за одбрана, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 1998 до 2002 година.

Слични содржини