Сојузот на синдикати на Македонија од 2011 година пресметува вредност на синдикална минимална кошница која како статистичка операција служи да им покаже на креаторите на политиките дена не се живее ниту со толку колку што има вредност истата и дека платите мора да се зголемат. Тоа што Владата се обидува да го направи е да ја елиминира вредноста на Синдикалната минимална кошница, се со цел да покаже на работниците дека се живее и со помалку и дека платите не треба да се зголемуваат, изјави за „Локално“, претседателот на Синдикатот, Слободан Трендафилов.
И Владата потврди дека за најмалку 6.000 денари треба да се зголемат платите на работниците, но за да не се луксузираат многу, не дава толку да се зголемат платите!
-Дека е оправдано барањето за зголемување на платите за најмалку 6.000 денари потврди и Владата со нивната така-наречена „релевантна” владина просечна кошница со која сакаат да им кажат на работниците што да јадат, колку да јадат и кога да јадат! Дури и со новата владина кошница, математиката покажува дека нема да бидат доволни две минимални плати за „просечен“ живот и ќе недостасуваат 6.530 денари за да се покрие истата. Владата со нивната „релевантна“ просечна кошница сакаат да им кажат на работниците дека им се потребни 13 отсто помалку пари од вредноста на Синдикалната минимална кошница за да живеат просечно, вели Трендафилов.
Синдикалната минимална кошничка за февруари за четиричлено семејство изнесува 67.382 денари, а новата минимална плата што сакаат да ја утврдат на незаконски начин изнесува 26.046 денари и покажува дека ако двајца земаат минимална плата и имаат две деца, износот нема да им биде доволен да функционираат нормално. Ќе им недостигаат 15.290 денари. Но, од Владата велат дека синдикалната кошница не е направена како што треба, па затоа најавуваат дека ќе излезат со релевантна кошничка.
-Прашуваме дали ако биде 13 проценти поевтина од „синдикалната кошничка“, новата „релевантна“ владина кошничка би изнесувала 58.622 денари, па така и оваа математика покажува дека нема да бидат доволни две минимални плати за „просечен“ живот. Ќе недостигаат 6.530 денари и затоа ССМ покрај барањето за зголемување на минималната плата бара и зголемување на останатите плати за најмалку 6.000 денари, вели претседателот на ССМ.
Тој додава дека вредноста на Синдикалната минимална кошница ја пресметуваме за да им покажеме на ваквите дека не се живее ни со толку, а тие сакаат да им покажат на работниците дека можат да живеат и со помалку, но секој работник најдобро знае колку средства му се потребни за да го помине месецот, а семејствата ги прехрануваат со плата, а не со владина просечна кошница.
Б.С.