Тренерот на Арсенал откри што му кажал Анчелоти веднаш по крајот на натпреварот

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Интер и Арсенал се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во луд натпревар во Милано, Интер одигра 2:2 со Баерн и помина со вкупни 4:3, додека Арсенал со победата од 2:1 во Мадрид ги потврди 3:0 од првиот натпревар.

Интер во полуфиналето ќе игра со Барселона, а Арсенал со ПСЖ. Првите натпревари ќе се играат на 29 и 30 мај, а реваншите на 6 и 7 јуни. Финалето е на 31 мај во Минхен.

По мечот во Мадрид, тренерот на Арсенал, Микел Артета откри што му рекол тренерот на Реал, Карло Анчелоти веднаш штом завршил натпреварот:

„Анчелоти ми кажа дека се надева дека Арсенал на крајот ќе ја освои Лигата на шампионите“, изјави тренерот на „топџиите“.

Слични содржини