Ако сте навикнати да не правите ништо по цела недела и викендот да надополнувате во салата, запрете, советуваат британските експерти, според кои најефективно е рамномерното вежбање.
Џогирањето три пати неделно е најкорисно и дава најдобри резултати во споредба со недостатокот на физичка активност долго време и наглото оптоварување за време на викендите, што се навикнати да го прават многу луѓе.
Спортувањето треба да се прави редовно, а најдобро е три пати неделно со умерени вежби помеѓу 20 и 50 минути. Според научниците ексцесите во режимот на оптоварување е полоша опција дури и од тоа да не правите ништо.