Во неколку градови во Македонија е забележан висок број на активни случаи, а во Скопје и Прилеп ситуацијата е алармантна.
Скопје 58218, активни 9654
Прилеп 7061, активни 1078
Куманово 6860, активни 870
Тетово 6329, активни 611
Велес 4486, активни 696
Кавадарци 4451, активни 721
Битола 4419, активни 745
Гостивар 4548, активни 489
Охрид 4130, активни 750
Според надлежните иако се наоѓаме во третиот бран на пандемијата, нема потреба од воведување на нови мерки бидејќи вирусот е раширен и истите не би дале ефект.
-Ние веќе подолго време имаме балансирани мерки, изминатиов период имаме рестрикциите кои се умерени каде ги намаливме контактите кај младите за кои се утврди дека се пренесувачи на вирусот.Во моментов кога имате висока трансмисија на вирусот може да дадат резултат само балансирани мерки како овие што се досега, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.