Трет ден протести пред Влада: Тензии и турната заштитната ограда

од Nikola Popovski
217 прегледи

Вечерва пред зградата на Владата започна нов протест, трет последователен, откако беше соопштено дека ќе се води широка консулатација за францускиот предлог околу преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Протестот започна тензично, со фрлање јајца, тоалетна хартија и шишиња кон Владата, по што беше турната заштитната ограда. Во првите редови беа симпатизери на Левица, предводени од претседателот на партијата, Димитар Апасиев.

Се слушаа извиците „Бугари, бугари“.

Моментално луѓето што протестираат се пред платото на Владата, а пред самата зграда има голем кордон полиција.

Слични содржини