Трет играч на Арсенал опериран за само еден месец

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Англискиот премиерлигаш Арсенал остана без уште еден играч, а тоа е јапонскиот дефанзивец Такехиро Томијасу (26) кој мораше да оди на итна операција на десното колено.

Томијасу (26) не се изјасни кога очекува повторно да игра, иако британските медиуми објавија дека тој најверојатно ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Јапонецот е третиот играч на Арсенал кој има операција во последниот месец по Каи Хаверц и Габриел Жесус.

„Имав операција на коленото пред неколку дена и веќе почнав со рехабилитација за да се вратам на она што најмногу го сакам“, напиша Томијасу на Инстаграм.

„Ова секако беше најтешкиот период во мојата кариера и ќе продолжи уште некое време, но нема да се откажам“, додаде тој.

Јапонскиот репрезентативец, кој му се приклучи на Арсенал од Болоња во 2021 година, одигра 30 натпревари минатата сезона, но одигра само шест минути оваа сезона поради повреда кога влезе како замена на натпреварот против Саутемптон во октомври.

Арсенал, кој заостанува седум бода зад лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, во сабота ќе му гостува на Вест Хем Јунајтед.

Слични содржини