Трета доза вакцина примиле 24.021 граѓани

од Берта Китинска
432 прегледи

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1050 втора, а 3816 граѓани примиле трета доза вакцина информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 27 октомври вкупно се вакцинирани 803 408 граѓани, ревакцинирани се 773 537 а трета доза примиле 24 021 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Слични содржини