Трета средба Заев-Гаши, констатиран напредок

од Берта Китинска
237 прегледи

И по нови преговарање во рок од два дена се уште не е постигнат договор за укрупнување на владеачкото мнозинство помеѓу лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и премиерот Зоран Заев.

-Имаме напредок, следуваат консултации во двете партии, кусо изјави Гаши по средбата.

Од Владата, исто така, потврдија дека е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се и идеи и видувања за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт.

-Разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните, се наведува во соопштението.

За лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Битола оцени дека какво било учество на политичката партија Алтернатива во една ваква влада претставува погрешен чекор, но тоа останува на раководството и лидерот на таа партија.

-Какво било учество на политичката партија Алтернатива во една ваква влада претставува погрешен чекор, но тоа останува на раководството и лидерот на таа партија, и јас не сакам да се мешам во работењето на другите политички партии, бидејќи тоа е политички некултурно, изјави Мицкоски.

 

Слични содржини