Денес се одбележува 150-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делчев е роден на денешен ден, 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.
По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков.
Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
С. Македонија и Бугарија на 4 февруари заеднички ќе ја прослават 150- годишнината. Бугарската делегација во Скопје ќе ја предводи министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, а бугарскиот премиер Кирил Петков заедно со в.д. македонскиот амбасадор во Бугарија, Владимир Крстевски ќе се поклонат пред споменикот на Делчев во Борисовата градина во Софија.
Ова ќе биде трето последователно заедничко чествување меѓу двете земји.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека неговата партија денеска ќе поднесе предлог за Декларација во Собранието за најголемиот македонски револуционер.