Во последните часови на социјалните мрежи се шират пораки за напади од турски државјани над западни новинари. Аналитичарот на безбедноста Даниел Нисман предупреди на Twitter дека западњаците кои се наоѓаат во Турција треба да внимаваат.
По говорот на Ердоган дека Фетхуллах Ѓулиен, кој сега живее во САД, е во основата за превратот, ксенофобијата ќе расте. “Можам да гарантирам за тоа. Ме гонеа на плоштадот Таксим утрово лути националисти и тепаа по лицето “, пишува на Twitter дописник на Wall Street Journal во Истанбул, Дион Нисенбаун.
