Трезните јунаци на Холивуд

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Студениот јануари е месец во САД посветен на апстиненцијата. Излегува дека меѓу холивудските ѕвезди е полно со такви кои се одлучиле да се трезвеници со години, откако со напор се избориле со својата зависност од алкохол.

Првата таква ѕвезда е Бредли Купер. Тој за прв пат призна дека имал проблеми со алкохолот во 2012 година. Бредли изјави дека донел одлука пред повеќе од една деценија (имал 29 години) да се избори конечно со зависноста кон алкохолните пијалоци и лекови против болки и тоа целосно го променило неговиот живот.

Тој изјави во интервју за Барбара Волтерс во 2015 г .: “Никогаш немаше да седам тука со тебе, немаше начин, немаше никакви шанси за тоа, ако не престанев со пиењето. Ако не го бев променил својот живот тогаш, никогаш немаше да ги имам врските, познанствата и контактите кои ги имам денес. Јас не би можел да се грижам за мојот болен татко исто како што го правев тоа сега. “

Видете во галеријата кои други ѕвезди од Холивуд гордо се воздржуваат од употреба на алкохол, бидејќи имаат лоша историја со алкохолни пијалоци.