357
„Во делот на недела неработен ден, веќе е објавен предлог-законот за трговија и се предвидува трговските центри и трговските поединци да работат во недела“, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според него, во на вработените треба да им се плати дневница од 100 посто, од тоа што го плаќаат редовно.
„2 посто од редовните приходи што ги остваруваат во недела и трговските центри и бензиските пумпи, во делот на маркетите, треба да го плаќаат во државната каса, се со цел средствата да се користат за изградба на градинки“, потенцира Бектеши, нагласувајќи дека ќе има санкции за фирмите кои не ги исплаќаат примањата на вработените.