ТАСС: Десетина трговски центри во Москва евакуирани поради закани за бомби

Еден од трговските центри до кои стигнала анонимна закана за поставена бомба е трговско-забавниот центар „Мозаик“ во југоисточниот дел на Москва,  кој бил евакуиран и темелно провеен.

од Бети Божиноска

Десетина трговски центри во Москва попладнево биле евакуирани поради заканите со бомби, изјави за ТАСС портпаролот на Градските служби за итни случаи.

„Денес дојдоа закани за бомби до околу десет трговски центри. Посетителите беа евакуирани од повеќето од нив. Зградите се проверуваат“, рече тој, додавајжи дека неколку трговски центри веќе се проверени и продолжиле со вообичаеното работење.

Еден од трговските центри до кои стигнала анонимна закана за поставена бомба е трговско-забавниот центар „Мозаик“ во југоисточниот дел на Москва,  кој бил евакуиран и темелно провеен.

Претходно утринава, рускиот портал „Маш“ објави дека поради наводна закана за поставени бомби, денеска биле евакуирани 700 лица од болницата „Пирогов“ во Москва, во која се лекуваат повредените од петочниот терористички напад ма концертната сала „Крокус сити хол“.

Според непотврдени информации објавени на порталот, во „Пирогов“ било испратено писмо за поставени импровизирани фосфорни експлозивни направи со тајмер. Евакуацијата подоцна беше потвдена од „РИА Новости“.

Москва се соочува со низа лажни закани за бомби од ноември 2019 година, со закани упатени до училишта, судови, трговски центри, продавници и високообразовни институции кои доаѓаат од неидентификувани лица преку електронската пошта.

Сè уште ниту една закана не се покажала како реална.

 

 

Слични содржини