Еврокомесарот за трговијата Сесилија Малмстром изјави дека е вознемирена од трговскиот конфликт меѓу САД и Кина, предупредувајќи дека с  трговските војни не се заработува набрзина, информира “Ројтерс”.

“Загрижувачката ескалација на САД и Кина, која ја оштетува светската економија, комерцијалните војни се штетни и не  се победуваат лесно “, напиша таа на Твитер.

Ефектот од војнара сега е дека стапија  на сила 34 милијарди американски долари од американски давачки за кинески стоки, што е почеток на трговска војна помеѓу двете најголеми економии во светот.

  Царините од 25 проценти влегоа во сила во полноќното источно-американско време.

Кина одговори со наметнување слична давачка од 25 отсто на 545 американски производи , исто така, во вредност од 34 милијарди долари.