Три автомобилски гиганти преминуваат на Android

од Vlatko K
105 прегледи

Сојузот на три водечки производители на автомобили најави дека ќе го усвои оперативниот систем Android на Google во своите идни модели. Автомобилите на Renault, Nissan и Mitsubishi ќе ги интегрираат апликациите и услугите на Google, вкл. Maps и Google Assistant, објави Ројтерс.

Веста го потврдува трендот во автомобилската индустрија се повеќе да се фокусира на технолошки гиганти. Меѓутоа, многу производители стравуваат дека ќе ја изгубат контролата врз нивниот однос со потрошувачите, податоците и потенцијално значајните идни приходи од „поврзани услуги“.

Постојат и други авто-производители кои се обложуваат на софтверот на Google. Volvo, на пример, исто така одлучи да го имплементира Android Auto во своите автомобили. Други, како BMW и Mercedes-Benz, инвестираат моќно во сопствени оперативни системи, гласовни асистенти и поврзани услуги.

Во секој случај, размерот на одлуката на сојзуот Renault-Nissan-Mitsubishi може да предизвика потемелно осмислување на скапите стратегии за самостојна изградба на софтверските системи кај возилата.

Досега производителите на автомобили претпочитаа софтвер како Linux, Microsoft или QNX за погон на инфо-забавните системи на автомобилите. Тоа значи платформи кои засегнатите компании можат да ги контролираат, но кои нудат помалку можности за додавање на нови апликации или функционалности.

Вестите може да предизвикаат проблеми за некои постоечки производители на технологија за автомобили, како што се TomTom – експерт за мапи и навигација.

Од сојузот Renault-Nissan-Mitsubishi исто така, објавија дека новите инфо-забавни системи ќе бидат интегрирани со модулите за далечинска автомобилска дијагностика и можности за „безконтактна“ надградба, понудени преку сопствената облачна услуга на Созјузот.

Првите автомобили опремени со Android, ќе бидат пуштени на пазарот во 2021 година. Финансиските услови на партнерството не беа откриени од триото автомобилски производители.