Есента нè потсетува на нијанси на жолта, кафеава, портокалова и маслинесто зелена. Всушност, боите од природата ги пресликуваме и во нашиот стил на облекување.
Сепак, постојат три класични бои со кои нема да погрешиме, било да ги носиме еднобојно, нивни комбинации или пак, комбинирани со есенските земјени тонови.
Еве за кои се работи:
Кафеава како темно чоколадо
Оваа боја можете да ја видите на јакните од кожа или еко-кожа, марамите, чизмите, модните додатоци како капи и шалови, чанти, но и панталони и мантили.
Кафеава како карамел
Дефинитивно оваа боја отвора можност за многу комбинации. Таа може да биде вашата основа, но и да биде застапена на модните додатоци. Храбрите може да изберат чизми во оваа боја.
Ванила жолтеникаво-бела
Се работи за боја која е лесна за комбинирање. Можете да бидете облечени целосно во оваа нијанса и да бидете сигурни дека нема да погрешите во изборот.