Три дежурни билетарници на ЈСП „Скопје“ за празниците

од Марта Пешевска
101 прегледи

Во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници, ЈСП „Скопје“ информира дека ќе има три дежурни билетарници.

Утре, в недела, понеделник и среда дежурни ќе бидат билетарниците кај Зелен пазар и Транспортен центар со работно време од 7 до 19:30 часот. Билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.